Метју Меконахи доби поддршката од целото семејство на премиерата на анимираниот филм „Sing“.
47-годишниот актер се појави на црвениот тепих заедно со сопругата Камила и нивните три деца – синовите Леви (8 години) и Ливингстон (3 години) и ќеркичката Вида (6 години).



На холивудскиот настан во Лос Анџелес, Калифорнија, Камила шармираше во фустан од рускиот бренд Yanina.



Метју и Камила се заедно веќе 10 години. Тие ја крунисаа својата љубов со брак во јуни 2012 година.