Џорџ Клуни изненади своја верна обожавателка за нејзиниот 87. роденден. 55-годишниот актер отиде во домот за стари лица во кој престојува бабичката Пет Адамс за да ѝ го оствари големиот сон да се запознаат.
Холивудскиот џентлмен ѝ подари на Пет букет цвеќе и картичка со посвета. „Тоа беше класичен гест од прекрасен човек“ – коментираа од домот за стари лица во Беркшир, Англија.

„Адамс го обожава Џорџ Клуни и секој ден споменува дека би сакала да го запознае“ – изјавила Линда Џонс која работи во домот. Затоа, Линда и нејзините колеги испратиле неколку писма до Клуни, замолувајќи го да ѝ ја исполни желбата на својата обожавателка. Славниот актер со задоволство ја прифатил поканата.

„Среќни сме што желбата на Пет се оствари. Таа е многу возбудена што ја запозна својата икона и беше одлично изненадување од Џорџ што ѝ подари цвеќиња и картичка“ – велат вработените.

