Се ближи денот кога во киносалите ширум светот ќе започне да се прикажува деветтиот филм на Квентин Тарантино. Денес, беше објавен првиот трејлер за „Once Upon a Time In Hollywood“ кој собра голема ѕвездена екипа.
Бред Пит и Леонардо Дикаприо ги имаат главните машки улоги, додека Марго Роби ќе влезе во улога на актерката Шарон Тејт, која беше жртва на семејството Менсон.
Филмот го следи периодот кога се случуваат убиствата од страна на „семејството Менсон“. Леонардо влегува во улогата на неуспешен актер од вестерн ТВ-серија, кој заедно со својот дублер (Бред Пит) се обидува да се пробие во филмската индустрија.
Во филмот се појавуваат и неодамна починатиот актер Лук Пери, Ал Пачино, Курт Расел, Дакота Фенинг, Барт Рејнолдс и Демијан Луис.
„Once Upon a Time In Hollywood“ ќе излезе на 26 јули оваа година.