Бред Пит и Леонардо Дикаприо ќе бидат ѕвезди во новиот филм на Квентин Тарантино „Once Upon a Time In Hollywood“. Вчера беше објавена првата фотографија од холивудските заводници за време на снимањето на филмскиот проект на познатиот режисер.
„Once Upon a Time In Hollywood“ е деветти филм на Тарантино, кој ќе ја обработи приказната за смртта на актерката Шарон Тејт, која беше жртва на семејството Менсон.
Ова е втор заеднички филм на Бред и Леонардо. Тие претходно глумеа заедно во „The Audition“.
Пит соработуваше со Тарантино за филмот „Inglourious Basterds“, додека Дикаприо беше ѕвезда во неговиот хит „Django Unchained“. И двата филмови добија многу номинации за Оскар, па и од овој проект се очекува да постигне успех.
Марго Роби ќе ја глуми Шарон, но сè уште не се објавени фотографии од останатите актери.
Во проектот, чија премиера ќе биде во август следната година, планирано е да се вклучат и други славни актери меѓу кои и Ал Пачино, Курт Расел и Дакота Фенинг.