Најѕвездената вечер во Кан годинава е по повод премиерата на филмот „Once Upon A Time In Hollywood“, режиран од Квентин Тарантино.
На црвениот тепих, покрај славниот режисер, чекореа актерите Бред Пит, Леонардо Дикаприо, Марго Роби и Даниела Пик, која воедно му е и сопруга на Тарантино.
Бред и Леонардо, кои ги имаат главните улоги во филмот, беа облечени во класични смокинзи, додека Марго носеше црно-бела комбинација од Шанел.
Филмот бил проследен со одушевување, а Тарантино добил 6-минутни стоечки овации за неговото најново филмско дело.