Познатата актерка Хилари Даф се сврши со хокеарот Мајк Комри. 22-годишната ѕвезда добила предлог за брак од своето момче на Хаваи.
Веста за нивната свршувачка ја потврдил и нејзиниот портпарол со вчерашната изјава: „Хилари Даф и Мајк Комри се свршија овој викенд додека беа на одмор на Хаваи. По двегодишна врска, среќни се да ја споделат оваа среќна вест“.
Хилари многупати досега има давано изјави со пофалби за својот сакан. „Немам сретнато некој што може да каже лош збор за него. Тој е благороден, грижлив и весел“ – изјави Даф во март минатата година за 29-годишниот спортист.