Хилари Даф го роди своето второ дете во октомври минатата година, а сега сподели емотивно видео снимено неколку секунди по породувањето кое се одвивало во домашни услови.
На снимката, познатата актерка и нејзината новородена ќеркичка за првпат се прегрнуваат, додека сè уште се во базенот со вода.
„Долго време се прашував дали да го споделам ова видео бидејќи е исклучително интимно. Беше апсолутно прекрасно (и шокантно) што по раѓањето на мојата ќерка ние се прегрнавме, за првпат. Во мојата глава, сакам да верувам дека со тоа таа сакаше да ми каже: ‘Добра работа мамо’. Ние го направивме тоа, заедно“ – стои во описот на видеото.
Бенкс Вајолет е прво заедничко дете на Хилари и Метју Кома. Таа има и 6-годишно синче од бракот со хокеарот Мајк Комри.