Хилари Даф го претстави пред очите на јавноста домот во кој живее веќе осум години.
32-годишната актерка и пејачка соработуваше со Architectural Digest за да сними виртуелна прошетка низ куќата.
Видео
Хилари живее заедно со сопругот Мејту Кома и двете деца, па не пропушта да напомене дека често кај нив владее хаос. „Оваа куќа е користена од деца. Пронајдовме навистина убав баланс. Се грижам за внатрешен дизајн и сакам да инвестирам во мебел, но во мебел кој ќе го сакам и ќе го користам на различни начини и мебел на кој моите деца ќе можат да се качуваат и по малку да го оштетуваат“ – вели таа.