Хилари Даф стана мајка. 24-годишната актерка и нејзиниот сопруг Мајк Комри станаа родители на момче.
„Добредојде на свет Лука Круз Комри! Вторникот вечерта станавме горди родители на здраво прекрасно момче кое тежеше 3,3 килограми“ – напиша Хилари на Twitter.
„Пресреќни сме и се чувствуваме како најсреќни родители на светот. Тој е опкружен со толку многу љубов! И мајката и бебето се екстремно добро“ – продолжила таа.
Во август минатата година Хилари објави дека е бремена со првото дете. Една година претходно таа стапи во брак со 31-годишниот хокеар Комри.