Хилари Даф и Мајк Комри официјално се сопруг и сопруга. 22-годишната актерка и 29-годишниот хокеј играч во саботата си ветија дека ќе бидат заедно до крајот на животот на интимна церемонија во Санта Барбара.

„Мајк ја држеше својата рака околу Хилари за време на романтичната церемонија на свеќи и двајцата изгледаа екстремно среќни“ – изјавил еден од стотината гости.
Хилари носела прекрасна венчаница дизајнирана од Вера Ванг, а била испратена до олтарот од нејзината мајка.
Среќните младоженци се во врска од 2007г., а во текот на февруари оваа година Мајк ја побара раката на Хилари со прстен од 1 милион долари додека престојуваа на Хаваите.

Хилари многупати досега има давано изјави полни со пофалби за својот сакан. „Немам сретнато некој што може да каже лош збор за него. Тој е благороден, грижлив и весел“ – изјавила Даф во март минатата година за својот сегашен сопруг.