Хилари Даф е бремена. 23-годишната актерка ја сподели среќната вест на денот на првата годишнина од бракот со Мајк Комри.
„Овој викенд со Мајк ја славиме првата годишнина. Во чест на овој специјален ден, решивме да објавиме некои од најомилените фотографии од нашата венчавка. Не можам да поверувам дека помина една година, времето навистина лета кога се забавуваш. Исто така, сакаме да ја споделиме возбудливата вест дека бебето нè прави тројца. Екстремно сме среќни и подготвени да го започнеме ова ново поглавје од нашите животи“ – напиша Даф на својот официјален веб сајт.
Хилари и Мајк си го кажаа судбоносното „Да“ на 14 август минатата година. А еве и фотографии од свадбата: