Хилари Даф ја објави првата семејна фотографија со сопругот Мајк Комри и нивниот син Лука. 24-годишната актерка блеска од среќа додека во рацете грижливо го држи својот син кој дојде на свет пред само три недели.
По породувањето, Хилари е решена да влезе во форма. Младата мајка редовно посетува часови по пилатес за да си ја врати фигурата од пред бременоста.
Вчера таа беше фотографирана по едночасовно вежбање на стационарен велосипед. „Речиси сум дома да го нахранам моето мало бебче! Убаво е да искрадам на еден час за да направам нешто добро за себе! Но, ми недостига неговото мало лице кога сум далеку“ – напиша таа на Twitter.