Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хајди Клум и Сил се разведуваат?

Хајди Клум и Сил се разведуваат?

Хајди Клум и Сил се разведуваат. Неочекуваната вест за разделбата на еден од најомилените холивудски парови ја објави порталот TMZ, но сè уште нема никаква потврда од нивните претставници.

Хајди и СилХајди и Сил

Според информациите до кои дојде ТМZ, Хајди ќе ги поднесе документите за развод во текот на оваа недела. Во нив како причина за разводот е наведено „непремостливи разлики“.

Разводот е шок за нивните обожаватели, бидејќи Хајди и Сил никогаш не пропуштаа шанса да ја покажат својата љубов. Тие на секоја годишнина од бракот ги обновуваа своите завети.

Последната фотографија на која се видени заедно Хајди ја објави на својот Twitter профил на 27 декември. На фотографијата двајцата изгледаат среќно на скијање на Аспен.

Хајди и Сил на АспенХајди и Сил на Аспен

Гласините за развод дополнително ги засилува и тоа што на доделувањето на наградите „Златен глобус“ Хајди се појави сама.

Хајди и Сил се во брак 6 години. 38-годишната русокоса стапи во брак со десет години постариот пејач во 2005 година.

Заедно имаат три биолошки деца – Хенри Гунтер, Јохан Рајли и Лу. Сил ја посвои и ќерката на Хајди од нејзината врска со Флавио Бриаторе, Хелен. Всушност, Сил и Хајди започнаа да излегуваат откако таа објави дека се разделува со Флавио и дека е бремена. Сил беше присутен на раѓањето на Хелен и Хајди отсекогаш велела дека Сил е таткото на Хелен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19695 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.