Хајди Клум и Сил си го кажаа еден на друг судбоносното „да“ по шести пат. Среќниот холивудски пар е познат по тоа што редовно ја прославува својата годишнина со обновување на брачните завети.
Свечената церемонија оваа година се одржа во Палм Бич, Флорида, во клубот Mar-a-Lago, кој е во сопственост на Доналд Трамп, пред околу 100 гости.
За време на церемонијата, Хајди, Сил и нивните деца беа облечени во костими. На една од фотографиите може да се види и што носеше „невестата“ под својот фустан.
37-годишната манекенка и 48-годишниот пејач планирале да ги обноват своите завети во Мексико, на местото каде што се венчале, но ги промениле плановите поради тоа што таму владее насилство.
Хајди и Сил стапија во брак на 10 мај 2005 година и имаат четири деца, а на едно од нив Сил не му е биолошки татко.