Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Официјално: Хајди Клум и Сил ја потврдија разделбата

Официјално: Хајди Клум и Сил ја потврдија разделбата

Хајди Клум и Сил навистина му ставаат крај на својот брак. По повеќе од шест години брачен живот, парот одлучил дека разделбата е најдоброто решение.

Откако двa дена активно се зборуваше дека планираат да поднесат документи за развод, Хајди и Сил ги потврдија гласините за разделба преку заедничко соопштение за јавноста.

Хајди Клум и СилХајди Клум и Сил

„Иако уживавме седум години во брак исполнет со љубов, верност и среќа, решивме да се разделиме. Имавме најдлабока почит еден за друг во текот на целата врска и продолжуваме да се сакаме, но се раздалечивме.“

„Ова е пријателски процес и заштитувањето на нашите деца останува наш врвен приоритет, особено во текот на овој период на транзиција. Им благодариме на нашето семејство, пријателите и обожавателите за нивните мили зборови и поддршка. За доброто на нашите деца, би ценеле да ја почитувате нашата приватност“ – пишува во соопштението.

Хајди и Сил се запознаа во 2003 година и ја започнаа нивната врска додека Хајди беше бремена со ќерката на Флавио Бриаторе, која подоцна беше посвоена од Сил. Наредната година познатиот пејач ја побара раката на прекрасната манекенка, а во мај 2005 година стапија во брак. Тие имаат три биолошки деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19683 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.