Кога некоја ѕвезда ќе науми да купи нешто, никој не може да ѝ застане на патот. Супермоделот Хади Клум и нејзиниот сопруг Сил толку многу засакале еден имот блиску до Лос Анџелес што платиле повеќе од цената по која имотот бил понуден за продажба.
Иако куќата била понудена на пазарот за недвижности по цена од 13,4 милиони долари, за се осигурат дека тие ќе бидат идните сопственици, Сил и Хајди платиле значително повеќе.
„Имаше повеќе заинтересирани купувачи, па имаше војна со наддавање“ – изјавила Ребека Рос, агент за недвижности.
Убавата куќа од 1142 метри квадратни има 8 спални соби што е сосема доволно за холивудскиот пар и нивните 4 деца.
Цената на имотот сигурно е толку висока не само поради славните соседи како Арнолд Шварценегер, туку и поради историските предмети како каминот од 1603г. во кујната кој е увезен од Шкотска или каминот во библиотеката кој се претпоставува дека во минатото го красел домот на Наполеон во Франција.