Хали Бери и нејзиниот сопруг Оливие Мартинез добија син. Убавата актерка се породила вчера во Лос Анџелес.
Малото момче е прво дете на 47-годишната Бери и францускиот актер. Хали има и ќерка со моделот Габриел Обри, со кого ја прекина 4-годишната врска во 2010 година. Малата Нала има 5 години.
Втората бременост беше големо изненадување за Хали. „Се чувствувам фантастично. Ова беше најголемото изненадување во мојот живот, да ви кажам искрено. Мислев дека ја минав фазата во која бременоста може да биде реалност за мене. Па, ова беше големо, но најубаво изненадување“ – изјави таа за CNN по објавувањето на веста за бременоста.
Бери и Мартинез стапија во брак на 13 јули годинава. Интимната церемонија се одржа во замок во Франција. Среќните родители се запознаа за време на снимањето на филмот „Dark Tide“ во 2010 година и оттогаш се неразделни.