Хали Бери е бремена. Атрактивната актерка и нејзиниот свршеник Оливие Мартинез го очекуваат своето прво заедничко дете.
Според порталот TMZ, 46-годишната актерка е во третиот месец од бременоста и носи момче.
Хали има ќерка од моделот Габриел Обри со кого ја прекина 4-годишната врска во 2010 година. Малата Нала има 5 години.
Минатата недела Хали, Оливие и Нала беа фотографирани додека уживаа на одмор на Хаваи.
Неодамна Хали призна дека Нала посакува да има сестричка и откри дека имала прекрасна бременост. „Мојата бременост беше прекрасна. Бев среќна цело време, се чувствував добро, имав енергија, бев како супер-жена. Посакувам да се чувствувам така до крајот на животот, толку многу беше фантастично“ – изјавила таа.