Ријана го прослави 26. роденден во снежниот Аспен, Колорадо. Музичката ѕвезда изнајми викендичка во која неколку дена се забавуваше со свои блиски пријатели.
Се разбира, прославите и веселите мигови не останаа во тајност и Ријана сподели со своите фанови на Instagram многу фотографии.
На фотографиите Ријана слави со неколку торти, се забавува со снежни игри, се учи да скија и ужива во топла бања на снегот.
Пред неколку дена Еминем ја најави турнејата „The Monster“ заедно со Ријана. Популарните музичари ќе настапат заедно во Њујорк, Детроит и Лос Анџелес во текот на август.