Бијонсе го прослави 32. роденден со луксузно патување на јахта низ Италија со својот сопруг Џеј Зи и ќеркичката Блу Ајви.
Славниот музички пар неколку дена обиколуваше низ некои од најпознатите туристички атракции во убавата Италија, меѓу кои Капри и Стромболи.
Бијонсе сподели на Tumblr дел од приватните фотографии од одморот.
Фотографиите на папараците го надополнуваат албумот на Бијонсе.