Бијонсе, Џеј Зи и Блу Ајви уживаат на семеен одмор на Хаваи.
Фотографиите на среќното семејство не покажуваат дека има вистина во шпекулациите за развод и неверство кои кружат за нив во медиумите. На нив, 34-годишната музичка ѕвезда, 46-годишниот рапер и нивната 4-годишна ќерка возат велосипед, го разгледуваат тропскиот остров со хеликоптер, танцуваат и се шетаат.
Брачниот пар не заборави да си посвети и време насамо за романтика и уживање. Славните музичари беа фотографирани додека насмеани се шетаа на плажа на зајдисонце.