Мила Москов пристигна во Полска. Нашата претставничка ја одржа својата прва проба на детската Евровизија во Гливице.
На сцената, 14-годишната пејачка од Прилеп настапи облечена во портокалово и црно, боите на огнот. Иако има повреда на десната нога, Мила имаше одлична изведба на нејзината песна „Fire“.
ВИДЕО
Мила ќе настапи 4-та по ред на детската Евровизија која ќе се одржи в недела.
Текстот на песната е дело на Магдалена Цветкоска, додека за композицијата и продукцијата се погрижи Лазар Цветкоски.