Поминаа 25 години откако Џулија Робертс и Ричард Гир привлекоа милиони фанови со филмската романса „Pretty Woman“ (Убава жена). По повод годишнината од премиерата на големиот хит, холивудските ѕвезди гостуваа во шоуто „Today“ на NBC.
47-годишната актерка и 65-годишниот актер глумеа заљубен пар во еден од најпопуларните филмови на сите времиња.





Покрај Робертс и Гир, во студиото присуствуваа и актерите Хектор Елизондо и Лора Сан Џакомо и режисерот Гери Маршал.
