Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џорџ Клуни во „точкеста“ фотосесија за „W“

ФОТО: Џорџ Клуни во „точкеста“ фотосесија за „W“

Пронајдете го Џорџ Клуни на точкестите фотографии. Холивудскиот шармер е ѕвездата од специјалното издание на списанието „W“ посветено на уметноста.

На неколку од фотографиите 52-годишниот актер носи необичен костум со точкест принт кој се совпаѓа со позадината.

Костумите за фотосесијата се од модната куќа Армани.

Во интервју за списанието, Џорџ открил кои жени од светот на филмот имаат стигнато до неговото срце. „Кога бев дете, бев заљубен во Одри Хепберн. Го гледав Roman Holiday кога имав 11 години и си помислив дека таа е најелегантното нешто што сум го видел. Се заљубив лудо во неа. Исто така отсекогаш ја сакав Грејс Кели. Кога гледав како излегува од водата во To Catch a Thief, си помислив дека таа е најубавата жена која ја имам видено“ – рекол тој.

Џорџ Клуни Џорџ Клуни Џорџ Клуни Џорџ Клуни Џорџ Клуни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.