Џорџ и Амал Клуни беа гости на Филмскиот фестивал во Њујорк. Славниот пар присуствуваше на прикажувањето на филмот на Џорџ „O Brother, Where Art Thou?“, по повод 15-годишнината од премиерата.
37-годишната адвокатка го поддржа својот сопруг и се појави на свеченоста облечена во краток фустан од колекцијата есен/зима 2015 на Версаче. Зелената креација таа ја искомбинира со сандали од Џими Чу.











54-годишниот актер и славната активистка и правничка пред само неколку дена ја прославија првата годишнина од бракот.