Филмови на Џони Деп и Амбер Херд се дел од Филмскиот фестивал во Венеција, па парот двапати дефилираше на црвениот тепих.
52-годишниот актер и 29-годишната актерка, кои стапија во брак во февруари оваа година, си разменуваа бакнежи на премиерата на „The Danish Girl“. Херд, која има споредна улога во драмата со Еди Редмејн и Алисија Викандер, се појави во цветен фустан од модната куќа Александар МекКвин.
На црвениот тепих по повод премиерата на новиот филм на Деп „Black Mass“, Херд носеше фустан од колекцијата пролет 2016 на Стела Мекартни. Црната креација таа ја искомбинира со обувки од Кристијан Лобутин и накит од Булгари.
Како заштитно лице на Диор, Деп избра костум и обувки од познатата француска модна куќа.