Бредли Купер и Џиџи Хадид уживаат на првиот заеднички одмор со неговата ќеркичка.
Славниот пар си разменуваше нежности и се забавуваше со преслатката Леа на јахта во Италија.
49-годишниот актер и 29-годишната манекенка беа „уловени“ од неуморните папараци додека се прегрнуваа и бакнуваа.
Бредли ја има ќеркичката Леа од врската со Ирина Шајк, а на овој одмор за првпат Џиџи беше фотографирана во друштво на малото девојче.