Џесика Симпсон имаше милионска мотивација за да слабее по породувањето. Компанијата „Weight Watchers“ ѝ плати на популарната пејачка и дизајнерка 3 милиони долари за да ги симне килограмите од бременоста и вчера Симпсон ги покажа резултатите.
Четири месеци по раѓањето на Максвел Дру Џонсон, 32-годишната ѕвезда конечно реши да се врати пред камерите, откако успеа да ја намали својата тежина со повеќе од 20 килограми. Џесика се појави во телевизиската емисија „Кејти“ за да ја покаже својата нова фигура.
Облечена во црн пеплум фустан, Џесика призна дека ослабела над 18 килограми, но потенцира дека не ѝ е дозволено да ја открие точната цифра на изгубени килограми.
„Имам многу трема! Чувствував голем притисок за да ги изгубам килограмите од бременоста. Ова беше една од моите цели: да дојдам тука, да се чувствувам удобно. Се чувствувам убаво денес“ – изјавила таа.
Рекламата за „Weight Watchers“ со Џесика се фокусира само на нејзиното лице, што беше причина многумина да кажат дека од компанијата не се задоволни со напредокот на Симпсон.
Една од најпознатите заштитни лица на „Weight Watchers“ е Џенифер Хадсон, која целосно го промени својот изглед како резултат на оваа програма за слабеење.