Џенифер Лопез зрачеше со ведра насмевка на најновото модно шоу на Диор.
На ревијата во Париз, 54-годишната пејачка и актерка мамеше погледи во шик стајлинг со гламурозен шмек.
Таа избра креација со складна наметка од Диор, која ја искомбинира со кожени ракавици и препознатливата чантичка „Lady Dior“ од францускиот бренд.
Лопез од првиот ред го проследи прикажувањето на колекцијата висока мода на Диор за сезоната есен/зима 2024-2025.