Џенифер Лопез е лицето од насловната страница на октомвриското издание на „Comopolitan“. 44-годишната ѕвезда во секси облека заведува од страниците на списанието.
На некои од објавените фотографии, Лопез позира со своите близначиња Макс и Еми и со своето 26-годишно момче Каспер Смарт.
Во интервјуто за списанието, Џеј Ло зборувала за самоувереноста и за врската со Смарт.
На прашањето кога започнала да се чувствува сигурна во себе, таа одговорила: „Тоа беше подоцна во животот, откако ги родив децата... Најмногу се чувствував несигурна поради моето пеење. Иако имав продадено над 70 милиони албуми, имав чувство дека не сум доволно добра. Додека бев во брак со Марк, тој ми помогна да го надминам тоа. Постојано ми кажуваше: Ти самата си единствената личност која те попречува да го достигнеш целосниот потенцијал како пејачка... Секогаш бев многу несигурна. Потоа пораснав, малку по малку, и сфатив дека ова не е среќен сплет на околности. Јас не сум грешка – работам напорно. И знам што правам.“
За врската со 26-годишниот Каспер Смарт, таа коментирала: „За мене, сè се сведува на тоа да имаш одличен партнер со кого ќе се движиш низ животот. Имам свои високи стандарди за тоа што сакам кај партнерот и за тоа како сакам да се однесува кон мене. Давам многу. Не зборувам за материјални работи, туку за тоа што го имам да го понудам како личност – љубов и лојалност и сите оние нешта кои прават една добра врска.“