Џенифер Лопез имаше специјални придружници на премиерата на филмот „Home“. На виолетовиот тепих во Вествуд, Калифорнија, популарната актерка и пејачка зачекори заедно со своите мали близначиња.
7-годишните Макс и Еми срамежливо позираа покрај мајка си. Еми се смешкаше пред многубројните фоторепортери, но Макс не беше одушевен од гужвата, блицовите и довикувањата.









За свеченоста Лопез избра нежна сина креација од најновата колекција на својот омилен дизајнер Зухаир Мурад и блескави обувки од Кристијан Лобутин.









Џенифер го позајми својот глас за новиот анимиран филм на Dreamworks со Ријана и Џим Парсонс во главните улоги.