Џенифер Лопез ја почести својата мала ќерка со шопинг пред повторно да седне на столчето во жирито на „American Idol“.
44-годишната пејачка и актерка била фотографирана со 5-годишната Еми во Калабасас, Калифорнија. Облечена во лежерна облека и без шминка, Џенифер му помагаше на малото девојче во изборот на алишта.
Неодамна беше објавено дека Џеј Ло се враќа во „American Idol“ за сума од 17,5 милиони долари.
Успешната пејачка продолжува да го развива и својот бизнис со парфеми. Деновиве таа го најави својот 20. парфем, „JLove“, кој ќе биде пуштен во продажба во октомври.