Норт Вест има само една година, но веќе има место во првиот ред на ревиите на врвните модни куќи. Малото девојче заедно со своите родители беше фотографирано на ревијата на Balenciaga во Париз.
Ким Кардашијан, Кание Вест и нивната ќерка беа облечени во црна облека додека го следеа модното шоу на Александар Ванг, креативниот директор на модната куќа.
Познатото семејство е во градот на светлината по повод Париската модна недела и најверојатно ќе посети уште неколку ревии. Ким и Кание неколкупати беа фотографирани додека се упатуваа од еден настан на друг во француската метропола.