Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Едиторијалот на Ким и Кание со ќеркичката Норт за „Вог“

ФОТО: Едиторијалот на Ким и Кание со ќеркичката Норт за „Вог“

„Вог“ ги покани Ким Кардашијан и Кание Вест да бидат дел од априлското издание на списанието и со тоа поттикна многу дискусии и негативни коментари. Ана Винтур, главната уредничка на модната библија, дури и се почувствува должна да објасни зошто славниот пар е на корицата на новото издание.

Винтур појасни и дека Кание никогаш не ја молел да ја стави Ким на насловната страница како што пишуваа многу медиуми, туку дека идејата за едиторијалот била на тимот на „Вог“.

За фотосесијата направена од реномираната Ени Либовиц, Ким позирала во неколку бели фустани. На корицата таа носи креација на Албер Елбаз, додека на останатите фотографии позира во пердувест фустан од Александар МекКвин, сатенски фустан од Нина Ричи и раскошен фустан од високата мода на Долче и Габана

Вог Вог Вог

На една од фотографиите малата Нори зачудено гледа во фотоапаратот додека лежи врз својот татко.

Вог

На друга фотографија Кание ги фотографира Ким и Нори во нејзината детска соба.

Вог Вог Вог Вог

Славниот пар наскоро планира да го каже судбоносното „да“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.