Кристен Стјуарт и Шарлиз Терон направија мрачна фотосесија за списанието „Interview“.
Славните актерки кои во моментов го промовираат својот заеднички филм „Snow White and the Huntsman“, ја истакнаа својата темна стана на фотографиите во кои доминира црната боја.
Со драматична шминка и облечени во црни модни комбинации, двете позираат без да покажат ниту најмала насмевка.
Во интервју за списанието, Кристен споделила дека за неа Шарлиз е вистинска филмска ѕвезда и дека е одлична актерка и изведувачка. Шарлиз, пак, открила дека е пресреќна поради посвојувањето на нејзиниот син и објаснила: „Отсекогаш сум знаела дека сакам деца. Не е нешто што го открив сега. Но, никогаш не чувствував дека ми отчукува биолошкиот часовник, затоа што отсекогаш знаев дека сакам да посвојам. Сепак, тоа не значи дека не сакам да имам свои деца“.