Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шакира елегантна во бело за „Latina“

ФОТО: Шакира елегантна во бело за „Latina“

Шакира е ѕвездата од априлското издание на списанието „Latina“. За фотосесијата, енергичната Колумбијка позира во елегантни бели креации, а во интервјуто за списанието зборува за музичката кариера, љубовниот партнер Пике и нивниот син Милан.

Шакира Шакира

За врската со Пике: „Тој е со мене затоа што сака да биде со личноста Шакира, а не со славната личност Шакира. Јас сум со него затоа што тој е најневеројатниот маж кој го имам сретнато. Ние сме многу слични. Нашите карактери се толку слични што не разбираме како толку многу се сложуваме. Многу сме компатибилни. Ги посакуваме истите нешта, ни се допаѓаат исти работи, мразиме исти работи. Многу сме страсни на ист начин и ни треба страст на ист начин.“

Шакира

За тоа дали е подготвена за второ дете: „Ако не беа моите музички проекти, веќе ќе бев бремена. Би сакала да имам осум или девет деца со Жерар – мој фудбалски тим.“

За новиот албум: „Се сеќавам дека кога го сретнав мојот менаџер, тој ми рече: Ќе го направиме овој албум за два месеца. А јас започнав да се смеам и му реков: Не ме знаеш Џеј, ќе ни требаат две години. И навистина толку време беше потребно.“

Шакира

За нејзината омилена песна од новиот албум: „Има песна наречена 23. Таа е многу специјална. Зборува за тоа каков беше мојот живот кога го запознав Жерар кога тој имаше 23 години, а на крајот на снимката се слуша малиот Милан.“

Шакира

За тоа дали Милан ќе ги следи нејзините стапки или стапките на Пике: „Не очекувам од него да стане пејач или фудбалер или што било друго. Само сакам да има страст за нешто во животот. Само сакам да има двигател. Не е важно што, дури и да е тоа турпирање на нокти. Само сакам да најде нешто во животот за кое ќе има страст, независно дали тоа е грижа за животни или грижа за луѓе или градење згради или живот на сцена.“

Шакира

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19041 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.