Време е за одмор за Шакира и Пике. Славниот пар бил фотографиран додека се забавувал на плажа на Хаваи.
36-годишната колумбиска ѕвезда безгрижно се релаксирала, притоа покажувајќи ја својата фигура во розови и црни бикини, како и природната убавина.
По раѓањето на синчето Милан во јануари годинава, на Шакира не ѝ беше потребно долго време за да се врати во форма. Неодамна таа сподели дека омилената физичка активност ѝ е зумба. „Зумбата беше одлична за мене, дури и во бременоста. Ја практикував речиси до крајот на бременоста“ – рекла таа.
На дел од фотографиите Шакира и Пике се фотографирани со малиот Милан, додека излегуваат од ресторан.
Вчера беше објавено дека Шакира е новото заштитно лице на брендот за орална хигиена Oral-B Crest 3D White.
Иако е многу ангажирана на професионален план, музичката ѕвезда секогаш пронаоѓа време за хуманитарни активности. Еден од хуманитарните проекти во кои е вклучена е изградбата на училиште во Колумбија за 1.700 деца од социјално ранливи семејства.