Речиси една година по ненадејната смрт на Витни Хјустон, музејот Мадам Тисо создаде четири восочни фигури во нејзина чест.
„Бевме екстремно почестени кога од музејот Мадам Тисо нè контактираа за создавање не на една, туку на четири фигури од Витни од четири различни точки од нејзината 30-годишна кариера. Многу сме возбудени да го направиме ова за фановите“ – изјавила Пет Хјустон.
Првата фигура го означува неверојатниот настап на Витни на Super Bowl во 1991 година со американската химна „Star Spangled Banner“.
Втората фигура го копира изгледот на Витни во спотот за хитот „I Wanna Dance with Somebody (Who Loves Me)“ од 1987 година.
Третата фигура го претставува изгледот на Витни на омотот на нејзиниот албум „I Look to You“ од 2009 година.
Четвртата фигура ја покажува Витни во костимот којшто го носеше во филмскиот хит „The Bodyguard“ од 1992 година.
Четирите фигури за првпат беа покажани во Њујорк.