Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Холивудскиот шармер Џорџ Клуни за „Esquire“

ФОТО: Холивудскиот шармер Џорџ Клуни за „Esquire“

Џорџ Клуни е ѕвездата од декемвриското издание на „Esquire“. Во интервјуто за машкото списание 52-годишниот актер зборувал за долгогодишниот пријател Бред Пит и моќта на недостапноста, како и за тоа дека никогаш нема да биде дел од Twitter.

Џорџ Клуни Џорџ Клуни

„Долго време Бред е најголема ѕвезда во светот. Тој е поголема ѕвезда од мене, поголема од Дикаприо. И навистина му се восхитувам за начинот на кој се справува со тоа. Не е лесно за него. Но тој се труди да биде најискрената верзија на Бред Пит којашто може да биде. Исто така, останува недостапен. Тој сè уште е огромна филмска ѕвезда затоа што не можеш да стигнеш до него. Тоа не значи дека не го гледам како неверојатно талентиран и умен и сите тие нешта“ – изјавил Клуни.

Џорџ Клуни Џорџ Клуни

Клуни не е од ѕвездите кои се фанови на социјалните мрежи. Познатата филмска ѕвезда вели дека не може да разбере зошто некој славен би сакал да има Twitter профил. „Не разбирам зошто која било славна личност би сакала да биде на Twitter. Пред сè, најлошото нешто што можеш да го направиш е да си подостапен, така? Затоа што ќе бидеш достапен за секого. Па, некоја пијана ноќ, ќе се вратиш дома по неколку пијачки повеќе, ќе гледаш телевизија и некој ќе те изнервира и ќе возвратиш. Ќе заспиеш и кога ќе се разбудиш следното утро, твојата кариера ќе биде завршена. Или пак, ќе бидеш идиот. Или сите нешта кои би можел да си ги помислиш во една тивка, пијана вечер, одненадеж може да се рашират низ целиот свет пред да се разбудиш“ – вели тој.

Џорџ Клуни Џорџ Клуни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.