Кирк Даглас вчера наполни 100 години. Легендарниот холивудски актер и оскаровец го прослави јубилејниот роденден со својата фамилија и пријателите.
На прославата на која присуствуваа 150 гости, покрај него беше неговата сопруга,
Големата забава беше организирана од неговиот син Мајкл Даглас, кој беше придружуван од сопругата Кетрин Зета Џонс и двете нивни деца Дилан и Карис.



Кариерата на холивудската легенда се протега низ долги 60 години. Даглас доби над 90 филмски улоги, меѓу кои во филмовите „Lust for Life“, „Spartacus“, „The Bad and the Beautiful“, „Champion“ и „I Walk Alone“.
Кирк три пати беше номиниран за Оскар за Најдобар актер, но успеа да се закити само со златна статуетка во 1996 година за Животно дело.




Во 1981 година, Даглас беше почестен со Медал на Слободата од тогашниот претседател на САД, Џими Картер. Како холивудска ѕвезда која има оставено најголем отпечаток во филмската индустрија, Даглас го држи 17. место на листата „АФИ 100 години... 100 ѕвезди“ на Американскиот Филмски Институт.



Покрај тоа што е еден од најуспешните актери од златната ера на Холивуд, Кирк е и автор на десетина книги.








