Мајкл Даглас беше почестен со своја ѕвезда на холивудската Патека на славните и ја доби поддршката од семејството и блиските колеги.
На настанот, 74-годишниот актер одржа говор во кој им се заблагодари на својот татко Кирк Даглас и сопругата Кетрин Зета-Џонс.
„Мојот татко е тука. За еден месец, Кирк ќе наполни 102 години. Тато, ти благодарам за твоите совети, за инспирацијата. И ќе го кажам ова едноставно и од срце: Се гордеам што сум твој син“ – рече Мајкл, кој едвај ги задржа солзите додека му се обраќаше на холивудската легенда.


ВИДЕО
И Кирк и Мајкл можат да се пофалат со импозантна филмска кариера за која имаат добиено бројни награди и признанија.




Холивудскиот актер ѝ се обрати и на саканата Кетрин со која е во брак речиси 18 години и со која има две деца.
„Љубовта на мојот живот е тука. Душо, ти благодарам за поддршката и за љубовта и за трпението. За неколку недели ќе ја прославиме нашата 18-та годишнина, па ти благодарам за осумнаесетте најдобри години од мојот живот мила“ – ѝ рече тој на Кетрин.


Присутен беше и Камерон, синот на Мајкл од претходниот брак.

