Ева Лонгорија додаде уште една професија во своето CV – модна дизајнерка.
41-годишната ѕвезда од серијата „Очајни домаќинки“ креираше сопствена линија облека за брендот The Limited. Колекцијата Eva Longoria вклучува елегантни и кежуал фустани и маички, како и кошули, сакоа и костуми наменети за понежниот пол.
Моделите ќе се продаваат по цена од $49 до $160 (или од 2.500 до 8.800 денари) во повеќе од 250 продавници во САД и онлајн.





























Пред десетина дена, Лонгорија ја презентираше колекцијата облечена во сопствена жолта креација и сандали од Gianvito Rossi.


