Ума Турман е сексапилна дама во црвено на фотографиите од новиот календар на Campari, инспириран од 12 интригантни и енергични фестивали кои се одржуваат низ целиот свет.
За календарот „Worldwide Celebration“, 43-годишната актерка позираше во креации од познати модни куќи, меѓу кои Версаче и Стела Мекартни, како и со накит и модни додатоци од швајцарската компанија Chopard.
Фотографиите се дело на јужноафриканскиот фотограф Кото Болофо.