Ума Турман ја поведе со себе ќерка си Маја Хоук на настан во Њујорк посветен на новите родители и нивните деца.
На 25-тата гала на непрофитната организација „Room To Grow“, дуото мајка-ќерка носеше облека во црна боја. Својот изглед, 53-годишната актерка го надополни со винтиџ дијамантски накит од 19-тиот век. Висечките обетки се од 1830 година, додека брошот бил направен во 1865 година.
![Ума Турман](/images/articles/28535/01.jpg)
![Ума Турман](/images/articles/28535/02.jpg)
![Ума Турман](/images/articles/28535/03.jpg)
![Ума Турман](/images/articles/28535/04.jpg)
![Ума Турман](/images/articles/28535/05.jpg)
Кога за првпат била вклучена во активности на „Room To Grow“, Ума била бремена со Маја, а сега, 25 години подоцна, тие заедно позираа на синиот тепих.
![Ума Турман](/images/articles/28535/06.jpg)
![Ума Турман](/images/articles/28535/07.jpg)
Организацијата им помага на семејства од Њујорк и Бостон со ниски примања, кои имаат бебиња или мали деца. Според Ума, првите три години од животот на детето се најважни за неговиот иден развој.
„Истражувањата и времето покажаа дека тие години се круцијални за успехот на детето и за тоа да може да порасне во успешна возрасна личност. Секое дете на кое ќе му дадеме подобар живот во нашата заедница, ќе може да ни возврати и да ни даде подобар свет“ – рекла таа.
![Ума Турман](/images/articles/28535/08.jpg)
Ума ја има ќерката Маја од бракот со Итан Хоук, кој заврши во 2005 година. Маја и Итан заедно позираа за списанието Variety.
![Ума Турман](/images/articles/28535/09.jpg)
![Ума Турман](/images/articles/28535/10.jpg)