Ума Турман роди девојче. 42-годишната актерка се породила вчера, но сè уште не е познато како ќе вика малото бебенце.
Ова е прво дете на Ума со бизнисменот Арпад Бусон. Филмската ѕвезда има и две деца со поранешниот сопруг Итан Хоук – четиринаесетгодишната Маја и десетгодишниот Левон.
Турман и 49-годишниот бизнисмен се заедно од 2007 година. Пред три години направија кратка пауза, но оттогаш се неразделни.
Арпад исто така има две деца со својата поранешна свршеница, моделот Ел Мекфирсон.