Повеќе години Џина Росеро работи како модел, но до неодамна криеше една голема тајна. Пред неколку месеци, за време на говор на TED конференција, 30-годишната Филипинка за првпат јавно призна дека е родена како момче.
Коментирајќи го својот говор, во интервју за „Glamour“ таа рекла: „Се чувствував како да се ослободувам себеси... Без враќање назад“.
Со одобрување од мајка си, Џина си направила операција за промена на полот на 19-годишна возраст.
Во моментот кога Џина ја сподели својата тајна, голем дел од нејзините пријатели и колеги не знаеле за промената на полот. Дури и нејзиниот агент од агенцијата „Next Management“ не знаел за минатото на Џина. Сепак, наместо осуда и негативни коментари, таа добила огромна поддршка.
Сега Росеро огромен дел од своето време и енергија вложува во „Gender Proud“, организација која им помага на транссексуалните лица.
Погледнете го говорот на Росеро: