Анџелина Џоли, Бред Пит и три од нивните деца со насмевки на лицата ги поздравија насобраните фанови на меѓународниот аеродром Ханеда во Токио, Јапонија.
38-годишната актерка и нејзиниот 49-годишен свршеник беа фотографирани со 9-годишниот Пакс и 5-годишните Вивиен и Нокс.
Среќното семејство е во посета на Јапонија по повод промовирањето на најновиот филм на Пит, „World War Z“.
По престојот во Јапонија, славните актери ќе се разделат – Бред ќе се врати во Лондон за снимањето на филмот „Fury“, а Анџелина ќе замине на Хаваи каде повторно ќе влезе во улогата на режисер за филмот „Unbroken“.