Семејството Бранџелина изминатиов викенд го помина на Галапагос, уживајќи на тропските плажи. Можеби желбата на Џоли и Пит беше да избегаат од папраците кои неуморно ги следат во зголемен број откако ја објавија свршувачката. Но, објективите на најупорните стигнаа до славното семејство додека тоа се забавуваше на плажа.
На фотографиите Анџелина изгледа како вистинска дама, дури и кога си игра со своите деца во песокот. Облечена во долг фустан на едно рамо и со голем шешир на главата, Џоли веројатно се обидуваше да ја заштити својата кожа од сонцето.
Шесте деца на Бред и Енџи весело си играа во песокот и во водата, исцртувајќи најразлични фигури и нуркајќи блиску до плажата.
Еден ден подоцна, Анџелина отпатува во село во Еквадор. Ова е нејзино прво патување на терен откако беше назначена за специјален пратеник на УНХЦР.