Анџелина Џоли сними моден едиторијал за „Вог“, но и сподели дел од секојдневието на семејството Бранџелина.
Во интервју за „Вог“, 35-годишната убавица го опиша нејзиниот долгогодишен партнер Бред Пит како „екстремно секси“ и призна дека е највљубена во него кога го гледа заедно со децата.
„Мислам дека тој е екстремно секси – екстремно згоден и најсекси... Кога мислам на него, мислам на мажот кој е толку многу добар пријател и неверојатен татко“ – изјавила Анџелина.
Еве за што друго зборувала Анџелина.
За својата гардероба и облекувањето во црно: „Како што ќе ви каже Бред, исто така и моите деца: очигледно мама носи само црно. Секој пар панталони одговара со секоја блуза, секој фустан одговара со секој пар чевли. Имам многу мал плакар. Бред секогаш ми се смее.“
За децата: „Еден од нас е секогаш дома со децата – секогаш. Да ги носи на различни места, да биде со нив, да ги носи на училиште или да ги однесе да ги посетат мама или тато на снимањето на филмовите.“
За готвењето: „Не сум најдобрата готвачка. Пакс е подобар готвач од мене. Пакс сака да готви. Но, и јас се обидувам кога ќе можам. Децата се многу слатки... полни со ентузијазам секогаш кога готвам. Особено Медокс, тој е како мало човече кое многу ме поддржува. Ова утро им зготвив појадок на сите пред училиште и тој ми рече ,Фала мамо, одлична работа‘.“