Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Списание се извини за чудната насловна со Бритни Спирс

ФОТО: Списание се извини за чудната насловна со Бритни Спирс

„Дали Бритни носи перика?“ – тоа беше најчесто поставуваното прашање по објавувањето на фотографиите на популарната поп-ѕвезда, направени за списанието „Lucky“.

На фотографиите челото на Бритни е забележливо пониско, па многу обожаватели се запрашаа „Кој ја постави периката на Бритни толку ниско?“. Некои одеа и чекор понапред, коментирајќи дека Бритни изгледа речиси непрепознатливо поради преголемата употреба на Фотошоп. По неколку дена, списанието одговори на многубројните забелешки со пораката: „Ви благодариме на сите вие кои ги споделивте своите размислувања за нашата корица! Како и секогаш, ќе ги споделиме со нашиот тим и се извинуваме што разочаравме некои од вас“.

Бритни Спирс

За списанието Бритни позираше во неколку модерни комбинации, а освен тоа сподели и неколку интересни факти од својот живот, како тоа дека поседува само 50 пара обувки.

На прашањето колку пара обувки има во нејзиниот плакар, Бритни одговорила: „Не знам, многу. Не знам, 50. Не се ли доволно?“

Бритни Спирс

Бритни открила и дека најубавата страна на тоа да си Бритни Спирс е бесплатната шминка. „Добивам гигантски пакети со сјај за усни и лак за нокти, исто како бонбони“ – изјавила таа.

Русокосата ѕвезда признала и дека ја обожава Џенифер Лопез затоа што смета дека поседува класична убавина, но и Сара Џесика Паркер за која вели: „Нејзиниот изглед секогаш е светол и фанки и младешки“.

Бритни Спирс

За шминката: „Постојано користам маскара. И пудра, затоа што имам мозолчиња“.

За хејтерите: „На тоа се навикнуваш кога си во овој бизнис. Сметам дека повеќето се најлоши сопствени критичари. Јас сум перфекционист. Строга сум кон себе, но не жалам за ништо.“

За слободното време: „Вежбам. Пливам. Си играм со децата, готвам и се грижам за градината.“

Бритни Спирс

По што се разликува Џејсон од нејзините бивши: „Тој е сладок. Вели дека не му смета што седам постојано по тренерки.“

Што не би носела никогаш: „Никогаш не носам чорапи. Мразам чорапи.“

Дали би ги охрабрила децата да влезат во шоу-бизнисот: „Ако има нешто што тие би сакале да го прават, би ги охрабрила да ги следат своите соништа. Но, исто така би стоела зад завесата и би викала: Не излегувај таму.“

Бритни СпирсЛево: Насловната страница. Десно: Фотографијата наводно без Фотошоп.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19097 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.